El Mouradi Palace***** - Sousse

Хотелот се наоѓа во туристичка област, на 9 км од градот Сус (Соуссе). Од морската обала го дели прекрасна градина со палми. Располага со 311 луксузно опремени соби, а познат е по намодерниот центар за таласотерапија со капацитет за 110 гости дневно. Услугата е на база на полупансиони по принцип шведска маса.


Соби:

Хотелот Ел Моуради Палаце 5* има 510 луксузни соби со комплетно опремени бањи, балкон/тераса, клима , телефон, САТ ТВ и фрижидер и сеф. Безжичен интернет достапен е на рецепција и во лобито на хотелот.


Содржини:

Гостите на хотелот имаат на располагање три тениски терени, пикадо, одбојка на плажа, како и водени спортови. Освен тоа, хотелот има и ресторани, барови, кафе барови, ноќни клубови, снек барови, продавници и фризерски салон. Преку ден и навечер, на располагање ви се тимови за анимација, мини клуб за деца (од 5 до 12 години) и фитнес центар.


Галерија: