Manus 3* - El Arenal

Хотелот се наоѓа во туристичкото место Ел Аренал (El Arenal), на височина, на околу 600м од долгата песочна плажа. Од Палма е оддалечен 15км, а од аеродромот 8км. Овој хотел е идеален избор за сите оние кои одморот сакаат да го поминат во мирно опкружување, а во близина на плажата и сите останати забавни содржини.


Соби:

Хотелот има вкупно 100 соби. Секоја соба има купатило (туш/вц), фен, сателитска телевизија, телефон, клима уред, сеф, мини бар и балкон.


Ресторани и барови:

Хотелскиот ресторан има разновидна понуда на јадења како од домашната така и од интернационалната кујна. лесни оброци и освежителни пијалоци се служат во снек барот. Гостите можат да го користат интернет центарот, а ја имаат на располагање и услугата за перење и сушење на гардероба.


Галерија: