Хотел Метропол **** - Охрид

Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архиктетура што го одделува од сите други конвенционални хотели. Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2004 г. Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.


Соби:

Класично уредени во медитерански стил, овие соби се просторни, комфортни и нудат поглед на Охридското Езеро (најстарото езеро во Европа) или на планината Галичица. Собите од оваа категорија имаат или еден голем кревет за двајца (француски кревет) или два одвоени кревети и можат да примат 2 возрасни и 2 деца (на возраст до 12 години). Некои од овие соби се поврзани меѓусебно (со интерна врата). Овие соби имаат големи лизгачки врати- прозорци коишто нудат одличен поглед кон Охридското Езеро или кон околните планини. Сите соби имаат голем балкон со маса и столчиња, идеално за релаксација. Хотел "Метропол" - 110 соби комплетно опремени со кабелска телевизија, клима, радио, телефон, услуга во соба, пералница, минибар, бања итн. (постои можност за трет кревет).


Ресторани и барови:

Вашето задоволство е наша единствена цел. Овде, во нашите ресторани, може да вкусите нови и различни видови вкусови коишто ќе ги вклучат вашите сетила. Имаме за секого по нешто. За оние кои се љубители на традиционалното или едноставно сакаат да го пробаат нашиот начин на готвење, кој го нудиме како "А ла карт"(a la carte) во двата наши интернационални ресторани и во "Метропол" и во "Белви".Со нивната топла атмосфера и воодушевувачкиот поглед на езерото секој пат можете да имате целосно ново искуство. Исто така, тука е и салата за појадок каде што се служи "шведска маса" со само една цел - задоволување на сите ваши потреби. Или можеби не сте вообичаен тип, сте искусиле се но сепак сакате да можете да вкусите италијански тестенини. Па не очајувајте го имаме и тоа задоволство за вас. Не ви требаат повеќе објаснувања, туку само желба која доаѓа од дното на вашиот стомак.Можеби би сакале да уживате и да вкусите сосема нов начин на живеење. Нашиот галери-бар ви ја дава таа единствена можност. Стилски, комфорен, уреден со софистициран вкус, овој бар се истакнува како едно од најдобрите нешта кои му се случиле на овој град. Не се двоумете се, пробајте !Исто така, постојат и разни видови барови во нашиот комлекс - затворени, како и отворени барови на плажата. На ваше располагање имаме секакви видови алкохолни и безалкохолни пијалаци како и разни видови на апетисани.Доколку не се најдовте себеси во ниедно од овие набројувања секогаш може да го посетите најсофистицираното нешто кај нас, дискотеката "Табу" (Taboo), која е врв на модерната технологија во светлосните ефекти. Таму можете да го очекувате и неочекуваното и да влезете во еден нов свет без табуа.Уживајте во вечерите во нашите расторани со романтичен поглед на зајдисонцето од нив. Ве очекуваме со тајните ароми, вкусови и мириси на автентичната локална кујна. Јадењето е секогаш незаборавно искуство во нашиот комплекс со богат избор од нашата македонска кујна, како и на интернационална храна.


Содржини:

Метропол Езерски Комплекс Ви ја нуди возбудата на плажата "Метропол" преку погледот од Вашата соба на една од најпопуларните фамилијарни плажи во Македонија со должина од 600 метри крјбрежје. Нашата приватна плажа е опремена со бесплатни лежалки за нашите хотелски гости, три бара со свежа храна и освежителни пијалоци, детско игралиште, игралиште за одбојка итн. Плажата за време на летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.Поседуваме приватно пристаниште на кое што можите да дојдите со вашата јахта или пак можете да започнете авантура на некој од туристичките бродови кои ќе Ве водат на крстарење по крајбрежјето или до познатата туристичка дестинација - црквата Св. Наум. Исто така ви нудиме различна опционална забава на вода како изнајмување скутери за вода, педалинки, можеме да Ви организираме нуркање итн.Посетете не и сами ќе се уверите во уникатноста на плажата која ја поседува нашиот хотелски комплекс.


Галерија: