Добредојдовте на www.avioturs.com.mk

Туристичката агенција Авиотурс е една од најстарите и најискусните агенции во Македонија. Основана во 1986 почнува да работи како дел од ЈПАУ за да брзо прерасне во самостојна трансформирана со самостоен капитал агенција. Авиотурс е лоциран во центарот на Скопје.

Тимот на авиотурс го сочинува синтеза на млади и искусни туристички работници едуцирани во Републиката и во големите и еминентни туристички центри на просторот на бивша Југославија, а во одделот на авиокарти работат пет ИАТА агенти со сите потребни сертификати за работа во оваа област од туристичкото работење.
Техничко-технолошки сме солидно екипирани и работиме со неколку глобални светски системи за резервации (авиобилети, хотели, рент-а-кар и др.).

Авиотурс е редовен понудувач на летни и зимски годишно-одморски аранжмани кои сами ги организира, продавач на готови аранжмани на многу светски туроператори, организатор на огромен број локални и интернационални конгреси, симпозиуми, културни и спортски манифестации во земјата, Европа и целиот свет.

Сервисер во областа на туризмот и авиосообраќајот на многу видни компании, невладини, владини и државни организации.

Располагаме со свој модерен возен парк кој е ставен во функција на нашиот сервис.

И да бидеме конкретни:

Дајте ни ја Вашата доверба, а тимот на Авиотурс ќе ви го понуди СВЕТОТ НА ДЛАНКА!


ЛИЦЕНЦИ

Министерство за економија (pdf)