Grupotel Los Principes & Spa 4* - Playa de Muro, Mallorca

Модерен хотелски комплекс сместен на самата песочна плажа Muro. Хотелот гледа на заливот Алкудија кој се наоѓа на оклу 4км. Од центарот на градот Алкудија е одалечен 11км, од Палма оклу 50км, додека од аеродромот 60км.


Соби:

Хотелот има вкупно 221 соба, кои се распоредени во 2 хотелски згради. Сите стандардни двокрветни соби се наоќаат во главната зграда и имаат (туш/вц), фен, сат.телевизија, телефон, клима уред, сеф и балкон.


Ресторани и барови:

Главниот ресторан, со својата широка гастрономска понуда, им нуди на гостите оброк во пријатно опкружување. Во понудата има најразлични менија со посебни врсти на исхрана, тематски вечери како и show cooking. Освен главниот, има и a la carte ресторан, сместен одма до плажа, во кој се служат специјалитети од медитеранска кујна.Главниот хотелски бар се наоѓа на терасата покрај базенот каде гостите можат да се освежат во текот на денот, како и во вечерните часови. Покрај рецепцијата на хотелот, се наоѓа помал интернет центар, а има и сервис за перење и пеглање на облека, медицински услуги, чување на деца, рент а кар, изнајмување на велоципеди.


Галерија: