Lido San Giuseppe 4* - Бриатико, Калабрија
Хотелот е сместен на сопствена плажа, на само неколку километри од Тропеа. Од аеродромот Terme Lamezia е одалечен околу 30 км.
Соби:
Во кругот на хотелскиот комплекс, има вкупно 95 соби, од кои 75 се сместени во два посебни објекта на карпа над хотелската плажа, додека останатите 20 соби се сместени веднаж до плажа во долниот дел на комплексот до кој вози shuttle bus. Секоја соба има купатило (туш/вц), фен, сат.телевизија, телефон и клима уред.
Ресторани и барови:
Хотелскиот ресторан со својата голема тераса со поглед на море, се наоѓа покрај плажа и во него се служат јадења од италијанска и од локалната кујна. Еднаш неделно се организира вечера со калабриски специјалитети. Освен главниот ресторан, постои и a la carte рестотран, а во кругот на хотелскиот комплекс има и бар каде се служат освежителни пијалоци.
Содржини:
Од дополнителните услуги, гостите можат да ја користат услугата на перење и пеглање на алишта, чување на деца, рент а кар.