El Mouradi Selima Club*** - Sousse

Хотелот е оддалечен 2 км од пристаништето Port El Kantaoui, 10 км од градот Суса (Sousse).Suse е третиот град по големина во Тунис и се наоѓа на истото место уште од времето на римјаните. Градот е заштитен од УНЕСКО и претставува голема културна престолнина.


Соби:

Има 373 двокреветни соби, 127 три креветни, 66 четири креветни соби и 6 апартмани распоредени во 54 павилјони кои меѓусебно се поврзани.


Ресторани и барови:

Хотелот нуди многу интересни активности за возрасни и деца. Во хотелот се наоѓаат Јасмин бифе и El Mouradi пицерија, како и 4 бара. Освен тоа тука се и морското кафе и ноќниот клуб.


Содржини:

Хотелот има два отворени базени за деца и нуди многубројни активности за деца и возрасни, 7 тениски терени, терен за мини фудбал, терен за одбојка, педаљинки, кануа. Преку ден и навечер има обезбедени анимирани програми за деца.


Галерија: