San Antonio Hotel & Spa 4* - Кавра, Малта
Реновиран хотел во центарот на Кавра (Qawra), во заливот St.Pul's Bay, во близина на бројните продавници, пабови и ресторани. Од песочната плажа е одалечен 150м, од Валета околу 15км, а од аеродромот 16км. Добро е поврзан со локален превоз до останатите делови на Малта, Валета, Ст.Џулијанс, Слиема. Автобуската станица е на 150м од хотелот.
Соби:
Има 416 соби. Секоја соба има купатило (туш/вц), фен, сат.телевизија, телефон, клима уред, мини бар, сеф и балкон.
Ресторани и барови:
Покрај пансионскиот ресторан, хотелот има и a la carte Марокански ресторан, 3 барови, по еден покрај базен и плажа, продавница, менувачница, интернет центар, доктор и сервис за перење и сушење на алишта.