El Mouradi Cap Mahdia*** - Mahdia
Хотелот е изграден во андалузиски стил, обиколен со прекрасни дворови и се наоѓа долж најголемата плажа во Тунис. Од аеродромот во Тунис е оддалечен 54км. Има 226 двокреветни соби и 37 фамилијарни соби. Овој хотел е идеален за семејни одмори со деца. Хотелот е во категорија од 3 ѕвезди, располага со клима уреди и wireless internet конекција.
Соби:
Хотелот располага со 226 двокреветни соби и 37 фамилијарни соби. Сите соби се модерно уредени и опремени, со балкон или тераса со поглед на море или градина, климатизирани, со телефон, бања и сателитска ТВ.
Ресторани и барови:
Оброци:ALL inclusive – доручек, ручек и вечера на база на шведска маса, доцен доручек и попладневна ужина, слатки, безалкохолни и домашни алкохолни пиалоци, вечера во пицерија ... коктел забава се организира еднаш неделно.
Содржини:
Махдиа е град на обалата на Тунис со околу 37 илјади жители. Се наоѓа јужно од Монастир и југоисточно од Соусе. Градот постоел на исто место уште од римско време, меѓутоа е уништен за време на арапската инвазија на Северна Африка.