El Mouradi Palm Marina***** - Port El Kanataoui

Ова е луксузен хотел кој се наоѓа во центарот на Порт Ел Кантаоуи, на 6 км од пристаништето за јахти, на песочна морска плажа. Има 388 соби, роом сервице 24 часа на ден, базен, џакузи, сауна, турско купатило, базен за деца и многу други содржини. Хотелот Ел Моуради Памла Марина 5* изграден е во типично арапско-андалузиски стил. Се наоѓа во градскиот туристички регион, на 9 км од центарот на градот Сус (Souse). Од морската обала го дели прекрасна градина со палми, а до пристаништето има само 10 минути пешки. Од аеродромот во Тунис одалечен е 120км, а од Монастир само 23 км . Во централниот ресторан храната се служи по принцип шведска маса, а по систем на "ултра " (збогатен концепт на услугата "all inclusive". Гостите на хотелот имаат достапен безжичен интернет на рецепција и во лобито на хотелот.


Соби:

Хотелот располага со 384 луксузни соби. Сите соби имаат балкон/тераса, комплетно опремена бања, клима , телефон, САТ ТВ и фрижидер.


Содржини:

Хотелот има и два тениски терени, пикадо, билијард, соба за бридџ, пинг понг, стрелиште, мини голф, терен за одбојка на песок и можност за разни спортови на вода. Освен тоа, во состав на хотелот има два отворени базени, еден за возрасни и еден за деца, и затворен базен со џакузи. Во текот на денот и навечер, на располагање ви се разни забавни програми, мини клуб за деца (од 5 до 12 години), фитнес центар, масажа, турска бања и сауна. Во хотeлот има и неколку кнференциски сали кои се соодветно технички опремени.


Галерија: