El Mouradi Gammarth***** - La Marsa

Хотелот се наоѓа во непосредна близина на историското локалитет на Картагина во градот La Marsa, со своето живописно и за многу уметници инспирирачко богатство. Сместен долж песочната плаза во близината на Carthage, Sidi Bou Said и градот La Marsa, Hotel El Mouradi Gammarth 5* е одличен избор за одмор на плажа, истражување и thalassotherapy. Тука се наоѓа и Бизнис центарот со конгресна сала која собира 700 гости на само 20 мин од Тунис и меѓународниот аеродром. Во составот на хотелот е и приватна плажа за гостите на хотелот и центер за таласотерапија со капацитет од 130 гости дневно и 30 тераписки кабини, затворен базен со морска вода, турска бања и две сауни.


Соби:

Хотелот располага со 178 двокреветни соби 296 три креветни 10 четири креветни соби како и со 12 апартмани и еден претседателски апартман. Сите соби се со поглед на хотелската градина или на базенот. Сите соби имаат комплетно опремена бања, директен телефон, мини бар, сателитска телевизија, клима уред, сеф и брза интернет конекција.


Содржини:

Хотелот располага со два бара, морски кафе и ноќен клуб. Собната услуга ви е на располаѓање 24 часа на ден. Под спортски активности можеме да ги вброиме: тенисот, стрелање, пинг понг, билјард, пикадо, мини голф, како и голем број вадени спортови. Во составот на хотелот се наоѓаат затворен и отворен базен и двата со одвоен дел за деца.


Галерија: