El Mouradi Port El Kantaoui**** - Port El Kanataoui
Хотелот Ел Моуради Порт Ел Кантаоуи 4* се наоѓа на песочна плажа, во срцето на марината Порт Ел Кантаоуи, во близина на терени за голф и на 10 км од градот Сус (Souse). Обиколен е со прекрасна градина со многу цвеќе, зеленило и палми.Изграден во медитерански стил и врвната услуга и гостопримство, идеален е за фамилиарен одмор. Услугата во хотелот е на база се вклучено all inclusive или полупансион (доручек и вечера - шведска маса).
Соби:
Има 364 двокреветни, 92 трокреветни, 19 четворокреветни соби и 7 апартмани за млади. Собите се пријатно уредени и распределени во главната зграда и бунгалови во хотелската градина.Сите соби имаат клима, балкон/тераса со поглед на море, базен или хотелската градина, комплетно опремена бања, САТ ТВ, директна телефонска линија и мини бар.
Ресторани и барови:
Хотелот има четири ресторани, тематски вечери и собна услуга.