Kassandra Palace **** - Касандра
Kryopigi, на плажа, 80км од аеродром Солун. ”Опкружен со градини, со прекрасни плажи” Преку 30год., во хотелот Kassandra Palace доаѓаат гости од целиот свет кои за свој летен фамилијарен одмор го одбрале Халкидики. Живописната околина и комфорот се клучни зборови земајќи во предвид дека хотелот е опкружен со прекрасни градини низ кои се излегува на плажа. Секоја од 300 соби, од кои повеќето беа реновирани 2009год., имаат своја тераса со поглед на Егејско море или со поглед кон градина. Долгата плажа со речиси бел песок, кристално чисто, тиркизно и топло море, неодоливо ги мами посетителите. Децата се привилегирани со голем простор за игри без граници со чуство на потполна безбедност. Овој хотел е со едноставен изглед, но со богата услуга. Главниот кувар е непопедлив во подготвување на рибни специјалитети.
Соби:
• Клима уред • Балкон • Купатило • Мини бар • Сеф (без доплата) • Телефон • ТВ • Фен
Ресторани и барови:
• Бар • Бар на плажа • Ресторан
Содржини:
• A-la-carte • Базен • Конференциска сала • Спортови на вода • Тениско игралиште