Simantro Beach **** - Касандра

Sani, на плажа, од Fokies 10 км, од Солун 77 км Хотелот Simantro Beach е фасцинантна комбинација на удобност и преубава песочна плажа, и е вистинска оаза за семејство. Опкружен со борова шума и украсен со цветни аранжмани, а изграден во стил на старо грчки манастир. Има 325 комфорни соби со поглед на зеленило, шума, градина, базен или море. Сите соби се неодамна реновирани. Плажата е широка, со светло жолт песок и плитка во првите 30м, што е идеално за мали деца. Редовно се организираат турнири во одбојка на плажа каде сите гости со задоволство учествуваат. Неограничен поглед кон Егејското море, залезот на сонцето е волшебно, а во текот на летните денови сонцето го осветлува хотелот и плажата до доцните вечерни часови. Богатите содржини овозможуваат активности и забава во текот на целиот ден, за кои се грижи тим на аниматори. Храната е разновидна и многу квалитетна. Ресторанот Toroneos, кој се наоѓа на вториот спрат, иделно место за романтична вечера со поглед кон морето и митската планина Олимп. Хотелот се наоѓа на неколку километри од Сани регионот, каде има марина, кафулиња, ресторани, таверни. Најблиското место е 10км оддалечено од Fokes, а подоле е традиционалното и живописно село Afitos


Соби:

• Клима уред • Балкон • Сеф (со доплата) • Сателитски ТВ програм • Телефон • Купатило со фен за коса • Фрижидер


Ресторани и барови:

• Бар (2) • ресторани (3)


Содржини:

• Амфитеатар• Базен (2) • Лежалки и чадор кај базенот (бесплатно) • Лежалки и чадор на плажа (бесплатно) • Бар на плажа • Дискотека • Мини клуб • Мини маркет • Паркинг • Пешкир за плажа (депозит) • Сала за конференција


Галерија: