Макпетрол **** - Струга

Хотелот „Макпетрол” - Струга е лоциран во прекрасен шумски амбиент со изворедно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку од градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Хотелот располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.


Соби:

Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.


Ресторани и барови:

Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аператив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.


Содржини:

Хотелот има конгресен центар со сала за семинари и конгресна сала, опремени со ЛЦД проектор, лап топ компјутер, графоскоп, платно за прикажување и флип табли. Во склопот на центарот можете да ги користите аператив барот и ТВ салата. Сево ова ви дава идеални услови за организирање конгреси, семинари, модни ревии, презентации и други манифестации.


Галерија: