Villaggio Stromboli 3* - Капо Ватикано, Калабрија
Опкружен со зеленило, овој хотел е идеален за фамилијарен одмор. Од приватната песочна плажа е одалечен околу 300м. Се наоѓа помеѓу Тропеа и зоната Капо Ватикано, а од аеродромот е одалечен 70км.
Соби:
Има два вида на соби, стандардни и комфорт соби. Сите имаат купатило (туш/вц), фен. сат.телевизија, телефон, сеф, мини фрижидер и балкон. Комфорт собите имаат и клима уред.
Ресторани и барови:
Во составот на хотелот има ресторан и два бара, од кои едниот се наоѓа на плажа, а другиот покрај базена. Во понудата има јадења од национална и локална кујан, слатки и освежителни пијалоци.