Hotel Meliá de Mar***** - Мајорка

Хотелот е изграден во 1964 од страна на познатиот архитект D. José Maria Coderch, и истиот претставува здание со своја специфична архитектура. Meliá de Mar без сомнеж е еден од најхаризматичните хотели на островот и е најдовар пример на модерната архитектура на Балеарските острови. Од пред неколку години зградата е ставена под заштита како споменик на архитектурата. Со неговите 7 катови, завртени кон Медитеранот зрачи со својот модерен дизајн. Хотелот е компетно реновиран.


Соби:

144 двокреветни соби DE LUXE, 3 Junior Suite DE LUXE, 8 Grand Suit (сите со поглед на море); Тераса со спектакуларен поглед на море и градина; Бања со фен, огледало кое зголемува, када и туш кабина; климатизер; DREAMMAX лежај; Селектирана миризлива перница; работно биро; Сат. ТВ; директен телефон; интернет пристап (ADSL); мини бар; сеф; рум сервис.


Ресторани и барови:

“Ô Grille” - ресторант на базен (само за ручек); “Q4 Cuatre” ресторант - 4 кујни во еден ресторант: Q Lounge, Sushi bar, Tepanyaki, A la Carte World кујна; бар на базен (GABI Lounge)-цел ден;


Содржини:

2 отворени базени; затворен базен со топла вода; тениско игралиште со вештачка трева; теретана Health & Beauty центар со масажа; тераса во спортската област; СПА: со Beauty третмани, базен, сауна, турска бања, арома туш, relax зона, фитнес центар.


Галерија: