Villaggia Costa Degli Dei 4* - Капо Ватикано, Калабрија

Хотелот се наоѓа во централниот дела на зоната Капо Ватикано, во единствен амбиент од плами и портокали. Од градот Тропеа е одалечен 10км, а од приватната плажа 1,5 км, до која гостите можат да стигнат со Shuttle bus кој вози цел ден. Од аеродромот Lamecia Terme е одалечен околу 70 км.


Соби:

Овој хотелски комплкс има вкупно 60 соби, уредени во медитерански стил. Секоја соба има купатило (туш,вц), фен, сат.телевизија, телефон, клима уред, сеф, фрижидер и балкон.


Ресторани и барови:

Хотелскиот ресторан со својата тераса која се наоѓа во централниот дел на хотелскиот комплекс, нуди јадења од локална и од интернационална кујна. Еднашнеделно се организира вечера со калабриски специјалитети. Освен главниот ресторан, има пицерија, два бара, од кои едниот се наоѓа на плажа.


Содржини:

од дополнителните содржини, хотелот нуди користење на wi-fi интернет, услуга на чување на деца, услуга на перење и пеглање на алишта, рент а кар, изнајмување на велосипед, ТВ сала и лоби.


Галерија: